Расизмот убива! Ромите сакаат да живеат!

Во последните неколку години, Ромите се сведоци на честа полициска бруталност. Коренот на полициската бруталност кон Ромите е антициганизмот, што претставува специфична форма на расизам кон Ромите и произлегува од искривената перцепција на мнозинството врз ромските заедници низ цела Европа. Резултат на системскиот расизам кон Ромите доведе до смрт на младиот Ром во градот Теплице, Чешка од страна на полицијата. Чешката полиција се обидува да го прикаже целиот случај како употреба на легитимна сила со изговор дека младиот Ром бил под дејство на зависни супстанции и го прекршил законот. Според полициското соопштение, причина за смртта на лицето е употреба на зависни супстанции, а не прекумерната сила.

Без оглед на начинот на кој се одвивал настанoт, ние како Роми од цела Европа, како и нашите сојузници, сметаме дека ваквиот начин на однесување од институција која има мандат за спроведување на законот е за осуда и е против европските принципи и вредности на почитување на човековите и малцинските права.

Многу Европејци се кријат зад согледаната морална супериорност во однос на САД со вперување прсти и отклонување на својствениот расизам што постои и во Европа. Како транснационално ромско движење, ние повикуваме на заедничка солидарност со нас во заштитата на демократијата, животот и слободата на Ромите. Знаеме дека не е доволно да се објавуваат хаштагови без да се гледа подлабоко на системскиот расизам. Нашата слобода беше е под постојана закана. Тие нè направија робови, не протераа од нашите домови, измачуваа и казнуваа кога зборуваме на нашиот јазик, ни ги одземаа децата, не стерилизираа или нè истребуваа за да немаме иднина. Втората светска војна беше врв на нашето страдање. Непријателството и насилството што ги претрпеа нашите предци Роми, за жал продолжуваат до денес и доколку сакаме да престане, треба да дејствуваме сега.

Европа е изградена врз угнетувањето на маргинализираните заедници и време е државите не само да го препознаат постојниот расизам во нашата историја, општество, култура и институции – туку конечно да го решат ова соодветно, преку репарации и други средства. Сепак, сега, расизмот и полициската бруталност кон Ромите во Европа се шират, бидејќи мерките на КОВИД19 најсилно се применуваат врз овие маргинализирани заедници.

Во последните две години, сведоци сме на случаи на полициска бруталност низ цела Европа:

Подобра иднина за Ромите

Во едно вистинското демократско општество не смее да има полициска бруталност. Не треба да се чувствуваме небезбедни во сопствените заедници или загрозени од органите на прогонот, поради бојата на кожата, предрасудите, стереотипите и расизмот. Ние сме загрижени за зголемување на употребата на надзор и полициски сили, кои се вкоренети во предрасуди и насилство. Системот е расистички и транснационално движење на Ромите ќе работи на расклопување расистички структури, ќе биде против екстремната десница, фашистички и популистичките партии и движења. Ги повикуваме сите наши членови да се приклучат на нашата борба за ставање крај на полициската бруталност.

Промените што сакаме да ги видиме:

  • Одговорност и правда – полициските службеници треба да одговараат за незаконски практики што доведуваат до непропорционални мерки против припадниците на малцинските заедници
  • Поголем број на вработени Роми во структурите за спроведување на законот
  • Посилни проверки во процесот на вработување полицајци (т.е. да се осигура дека тие не се поврзани со крајно десничарски, фашистички и популистички организации)
  • Обраќање на културата на расизам што постои во полициските институции и обезбедување антирасистичка обука за полициските службеници за разбивање на предрасудите
  • Ставање крај на расното профилирање од секаков вид и осигурување дека секој граѓанин има право да биде третиран еднакво од страна на полицајците 
  • Создавање и давање целосен мандат на независните институции да истражуваат полициски злосторства, како одбори за разгледување полиција предводени од граѓанското општество
  • Одговорно однесување на полицајците при користење на средства за сила како последно средство
  • Пандемиите или кризите, како кризата КОВИД-19, не треба да се користат како мандат за полициските власти да ја злоупотребуваат својата моќ и да ги кршат граѓанските права на луѓето кои се неправедно и непропорционално мета на властите.