Ромите во Северна Македонија споделуват сведоштва за прекршоци за време на пописот

Како што пописот во Северна Македонија заврши, партнерот на Proud Roma Free Europe (Горди Роми Слободна Европа), АВАЈА, доби неколку сведоштва од Роми низ целата земја за нивните искуства за прекршоци за време на пописот.

По прес-конференцијата одржана од Аваја во понеделникот, на која тимот сподели извештаи за нерегуларности во текот на процесот на пописот, граѓанската организација објави видео сведоштва на нивната страница на Фејсбук на ромски граѓани кои доживеале прекршувања од прва рака во процесот на попишување.

Во едно од видеата, Ром од Тетово го сподели своето искуство дека бил попишан само според личната карта. Тој нотираше дека попишувачите само ги впишале податоците од личната карта во тетратка и не се вратиле.

Тој го коментираше следново:

„Тие не ме прашаа на која етничка припадност припаѓам. Тие не прашаа дали сум Ром, Албанец или Македонец. Тој беше тука само една минута. Му кажав : Јас сум Ром , сакам да бидам попишан како Ром. Тој ми кажа: Не се секирај. Ќе те попишеме дома.”

Во второто видео сведоштво, Ромка од Скопје објасни како побарала да биде попишана од страна на Роми, чие барање не било исполнето.

Таа кажа го кажа следново:

„Пред некој ден, кога се одржуваше пописот, дојдоа да ме попишат. Побарав да ме попишат Роми, и тој повика некого да праша, но ми кажаа дека немаат слободно време. Потоа тие од моето семејство и од мене побараа лични карти за да не попишат. После тоа, ги прашав дали не попишаа како Роми, и тие ми рекоа дека моите податоци се веќе испратени. ”

Во третото видео сведоштво, Ром од Виница исто бил попишан само според податоците во личната карта. Тој бил попишан како Турчин.

Тој го коментираше следново:

„Попишувачите користат само лични карти за возрасните и здравствени книшки за децата, ништо друго. Не ме праша која етничка припадност сум. Ништо. “

Аваја го повикува Државниот завод за статистика (ДЗС) да ги реши неправилностите пријавени во овој попис. Меѓу нивните барања е пописот да се повтори во областите каде што се забележани нерегуларности и пописот да се продолжи по 30 септември.