ПОВИК ЗА НАЦИОНАЛЕН/А КООРДИНАТОР/КА во СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Наслов на работа: Национален/а Координатор/ка за Северна Македонија (на определено време, консултант/ка)

Локација за спроведување на проектот: Мобилно

Времетраење на договорот: 8 јули 2021 година – 8 октомври 2021 година (3-месечен ангажман со полно работно време)

Краен рок за аплицирање: 02 јули 2021 година

 

Цели на задачата:

Под директен надзор на раководството на ЕРИАК и менаџерот/ката на кампањата, координаторот/ката ќе поддржи спроведување на транснационална кампања за зајакнување на гордоста и идентитетот на Ромите и едукација за важноста на активното граѓанство. Координаторот/ката ќе биде директно одговорен/на за ефективно спроведување на локалната адаптација на кампањата во Северна Македонија преку:

 

  • одржување близок контакт со локалните партнерски организации;
  • поврзување со уметноста и културата, академски и медиумски експерти;
  • координирање на работата на давателите на услуги;
  • координирање на културни настани и активности (онлајн и физички) и обезбедување на организациска поддршка за локална адаптација
  • промовирање на кампањата на социјалните медиуми
  • поддршка на протокот на комуникација помеѓу менаџерот/ката на кампањата на ЕРИАК, асистентот/ката на кампањата на ЕРИАК и локалните партнери, соработници и даватели на услуги

 

Специфични задачи и одговорности:

 

  • дејствување како национален/на уредник/чка за под-страницата на веб-страницата на кампањата (ажурирање на содржината специфична за Северна Македонија поврзана со кампањата – материјали, промоции, настани и сл.) во согласност со уредничката политика на ЕРИАК;
  • генерирање, уредување, објавување и споделување на редовна содржина за веб-страниците и платформите на социјални медиуми поврзани со кампањата, во согласност со уредничката политика на ЕРИАК;
  • координирање на локалното производство и/ или дистрибуција на постери и флаери за кампањи според дизајнирани обрасци на ЕРИАК; координирање на стратешко поставување на билборди;
  • координирање на локалното прилагодување и/ или дистрибуција на аксесоари, продукти и подароци засновани на дизајнирани обрасци на ЕРИАК;
  • координирање на локалната адаптација на филмот за кампања „Горди Роми, Слободна Европа“, краткометражен филм од 5 минути, кој го претставува наративот на кампањата (идентификување на локалните партнери, координирање на превод на локален јазик, координирање на производството на дополнителни инсерти [30-60 сек] релевантни за историјата и културата на Ромите од Северна Македонија);
  • координирање на превод на видеото „Што значи да се биде Ром/ка“, видео од кратки изјави на познати и влијателни Роми од различни земји;
  • координирање на локалното емитување на дигитални средства (видео, аудио, гифови) за пописот и ромскиот идентитет (координирање на превод и идентификување на локалните радиодифузери);
  • поддржување на планирањето и организацијата на националнен kick-off настан (помагање во координација на онлајн подготвителни состаноци / вмрежување помеѓу ЕРИАК, локалните партнерски организации, членови и грантисти на ЕРИАК, студенти / алумни на РЕФ итн.);
  • поддршка во планирањето и организацијата на национален натпревар за таленти (помагање во започнување и рекламирање на натпреварот, помагање во идентификување на професионално жири);
  • координирање на онлајн интервјуа со ликови од ромската уметност, култура, медиуми и историја на локален јазик (помагање во идентификување на соработници, теми и формат; координирање на пренос во живо) (3-5 по земја);
  • поддржување на планирањето и организацијата на најмалку 3 настани од уметноста и културата што треба да се емитуваат онлајн (помагање во идентификување на соработници, теми и формат; координирање на пренос во живо);
  • координирање на активности засновани на распределениот буџет и обезбедување на правилно фактурирање

 

Квалификации и компетенции:

  • Универзитетска диплома – најмалку високо образование со диплома за културолошки студии, општествени науки, курaторство, управување со настани, односи со јавноста, маркетинг, дизајн, историја на уметност или сродна област;
  • Напредно познавање и користење на пишан и говорен англиски и македонски јазик;
  • Силни организациски вештини:
  • Познавањето на ромски јазик се смета за предност;
  • Апликантите со ромско/ синти или traveller потекло се особено охрабрени да аплицираат

 

Искуство:

  • Минимум 3 години релевантно искуство во управување со проекти/ планирање на настани од културата;
  • Искуството во водење на најмалку 1 кампања на социјалните медиуми е предност;
  • Познавањето на дигитални алатки и стратегии за ангажман на публиката преку интернет се смета за предност;
  • Искуство во работа со заедницата и/ или младинскиот ангажман се смета за предност;
  • Искуство со мултитаскинг и самостојно работење на сложени административни задачи;
  • Ангажманот вклучува соработка со повеќе партнери и онлајн координација;
  • Ангажманот вклучува работа со кратки рокови и редовно известување за напредокот;
  • Доброто разбирање на сцената на ромската уметност и култура се смета за силна предност;
  • Силното чувство за квалитет во уметноста и културата се смета за предност;

Етика:

Координаторот/ката за Северна Македонија треба безусловно да се идентификува со основните принципи на ЕРИАК:

  • Почитување на достоинството на ромскиот народ и ромскиот идентитет;
  • Разновидност и плуралност на ромските идентитети и култури;
  • Ромско раководство со поддршка и соработка на не-Роми;
  • Ангажирање и придонес на ромски организации и индивидуи во формирањето и тековните активности на Институтот;
  • Политичка автономија и не партизација, отвореност за соработка со јавните власти и политичките институции како партнери;
  • Највисоки стандарди за квалитет во домените на уметноста и културата, како и во сопствените оперативни перформанси.

Надоместок:

  • Бруто износ од 2.000 евра платени на договорени рати, врз основа на законски издаден индивидуален документ/ сметка.

Упатства за апликација:

Апликациите треба да содржат:

  • Ажурирано професионално CV (максимум 4 страници).
  • Писмо за мотивација од максимум 500 зборови.

Апликациите треба да бидат напишани на англиски јазик и испратени на eriac@eriac.org во еден емајл не поголема од 2 MB.

Емајлот насловете го „Национален/а Координатор/ка за Северна Македонија“.

Крајниот рок за пријавување е 02 јули 2021 година .