BARVALIPE TALKS: Историја на отпорот на Ромите во Северна Македонија

За учесникот:

Д-р Данијел Војак е  научен соработник на Институтот за општествени науки „Иво Пилар“ во Загреб и истражувач на проектот “Re-thinking Roma Resistance”.

Енес Билаљи е активен член на Аваја и дел од националниот тим за организирање на заедницата.

Оваа дискусија е една од низата разговори на Barvalipe Talks за историјата на отпорот на Ромите низ Европа организирани како дел од еднонеделната транснационална кампања за одбележување на „Денот на отпорот на Ромите“.

За отпорот на Ромите:

Во последните години, темата отпорот на Ромите за време на Втората светска војна прерасна во моќен симбол што го оспорува поимот жртва на Ромите со признавање на активностите и опстанокот на Ромите. Од истражувачи до медиуми, приказните за Отпорот на Ромите за време на Втората светска војна почнаа да бидат популарни. Инспирирани од различните извештаи за востанието на Ромите во концентрациониот логор Аушвиц-Биркенау на 16 мај 1944 година, овој датум е прифатен и прославуван од ромската заедница низ цела Европа, особено од младите Роми. Во таа смисла, отпорот на Ромите стана моќна референтна точка за социјална и политичка мобилизација на Ромите.