Ќе се бориме – Нема да заборавиме!

Граѓанското движење АВАЈА по повод 16 Maj – Денот на отпорот на Ромите организираше маршеви и други активности во 11 општини.
Им благодариме на тимовите од АВАЈА во Скопје, Штип, Гостивар, Тетово, Дебар, Кавадарци, Виница, Берово, Струмица, Куманово и Кочани кои се приклучија на иницијатива во која се мобилизираат повеќе од 100 ромски заедници во Европа со цел да стави крај на растечката омраза кон Ромите, национализмот и популизмот низ цела Европа и Република Северна Македонија.
Ќе се бориме – Нема да заборавиме!