Кажи гласно, јас сум горд/а Ром/ка

1971 ромските активисти од цела Европа се собраа во Лондон за да ја ослободат нацијата. После 500 години прогонство, поробување, геноцид и исклучување, на 8 април 1971 година тие создадоа знаме, химна и транснационален идентитет за 12 милиони Роми во Европа. После 50 години многу од работите се променија, но за жал останува премногу омраза и стигма што влијае на нашите животи. Во чест на оние предци пред нас и оние кои допрва ќе дојдат, ние ќе ја посветиме 2021 година на кревање на гласот на заборавената нација во Европа.

Кампањата „Горди Роми Слободна Европа” е за градење на движење кое повеќе не може да биде игнорирано или замолчено. Користејќи ја моќта на интернетот и социјалните медиуми, заедно со опсегот на организациите и гордоста на индивидуите, ќе обезбедиме 2021 година да стане клучна во признавањето на ромскиот народ. Време е да ги тргнеме синџирите од нашите умови и срца. Време е да ги ослободиме нашите деца за да можат да бидат горди на тоа што сe. Време е да им оддадеме почит на нашите постари и предци кои преживеаја и се бореа за нашата слобода, да бидеме тоа што сме. 

Како што рече Мартин Лутер Кинг: „Омразата не може да ја истера омразата, само љубовта може да го направи тоа“, затоа Ве покануваме да се потпрете на љубовта што ја имате кон ромската култура и идентитет и да истакнете “Горди Роми за слободна Европа” во 2021 година. Оваа веб-страница ќе биде исполнета со иновативни начини да се направи тоа почнувајќи од Пописот во 2021 година.