Онлајн дискусија: Како настана 8ми април? Историја и личности!

За 50 годишнината од Првиот Ромски Светски Конгрес важно е публиката да биде запознаена со тоа како ромското движење започна, кои беа луѓето кои учествуваа на првиот конгрес и која беше нивната визија.

Поради тоа, по повид Меѓународниот ден на Ромите 8 Април Аваја организира онлајн дискусија “Како настана 8ми април? Историја и личности!” на која гости ќе бидат Даниел Петровски, етнолог и антрополог и Суад Скендери, магистер по политички науки.